Додека граѓаните продолжуваат да ги полнат штедните книшки, компаниите ставаат се помалку пари во банка, а тие што ги депонирале претходно ги трошат. Според последните податоци на Народна банка на Македонија, само за еден месец, од јули до август салдото на депозити на приватните компании во банките се намалило за 25 милиони евра. Минатиот месец вкупните депозити на компаниите изнесувале 860 милиони евра. Ваквиот пад на корпоративните депозити се одразува и на вкупното ниво на пари депонирани во банките. Вкупните депозити се намалени за прв пат по неколку месеци континуиран пораст и во август изнесуваат близу 3,9 милијарди евра. Денарските депозити и понатаму растат, меѓутоа оние во странска валута се намалуваат. Бидејќи депозитите на фирмите во банките се нивни слободни пари што тие ги чуваат за разни потреби, може да се претпостави дека тие сега се користат за да се премости периодот на неликвидност.
Додека граѓаните продолжуваат да ги полнат штедните книшки, компаниите ставаат се помалку пари во банка, а тие што ги депонирале претходно ги трошат.
Според последните податоци на Народна банка на Македонија, само за еден месец, од јули до август салдото на депозити на приватните компании во банките се намалило за 25 милиони евра. Минатиот месец вкупните депозити на компаниите изнесувале 860 милиони евра.
Ваквиот пад на корпоративните депозити се одразува и на вкупното ниво на пари депонирани во банките.
Вкупните депозити се намалени за прв пат по неколку месеци континуиран пораст и во август изнесуваат близу 3,9 милијарди евра. Денарските депозити и понатаму растат, меѓутоа оние во странска валута се намалуваат. Бидејќи депозитите на фирмите во банките се нивни слободни пари што тие ги чуваат за разни потреби, може да се претпостави дека тие сега се користат за да се премости периодот на неликвидност.
Според најновата статистика на НБМ, банкарскиот сектор во земјава во првата половина од годинава остварил добивка од 10 милиони евра, што е за 70% подобар финансиски резултат споредено со истиот период лани.
Големите и средните банки имаат поголема добивка, но вкупниот профит го симнуваат малите банки кои забележале загуби од работењето. Најголем дел од приходите на банките се од каматите, од кои во првите шест месеци заработиле 164 милиони евра. Но, поради неможноста да ги наплатат кредитите истовремено евидентирале и загуби од 31 милиони евра. Бруто-кредитите на банките кон приватниот сектор заклучно со јуни годинава изнесуваат 3,4 милијарди евра, додека пак, учеството на ненаплатливите кредити се искачи на 10% од вкупните кредити.